Пилешко со дуња - заборавен југословенски рецепт

Некогаш овој рецепт бил редовен гостин на трпезите ширум Југославија, а денес е паднат во заборав.

Пилешкото месо комбинирано со дуња било вистински специјалитет кој југословенските домаќинки го подготвувале, но со текот на времето некако бил заборавен. Денес ретко кој го прави, а се работи за вкусно јадење.

Целото пиле треба да се исече и да се вари заедно со парчиња дуња, кои претходно сте ги пропржиле. Спојувањето на солено и слатко е она што го прави ова јадење неодоливо. Навистина е штета што вакво вкусно јадење било заборавено, па ајде да го вратиме во живот. Вреди да се проба еднаш, па ако не го бива друг пат нема да го правите. Чисто се сомневаме дека тоа ќе биде случај.

Потребни состојки:

  • 1 пиле
  • 1 кг дуња
  • 1 лажица брашно
  • вода
  • шеќер
  • масло
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Исечете го пилето, ставете го во тенџере, турете му вода и варете. На пола од варењето исклучете го шпоретот. Дуњите измијте ги, но не ги лупете за подоцна да не се распаднат, Исечкајте ги на кришки, извалкајте ги во шеќер, а потоа малку пропржете ги на масло. Извадете ги од тавчето, па во истото тавче и во истото масло додадете брашно и промешајте. После една минута вратете ги дуњите, додадете го пилешкото и водата во која сте го вареле, посолете и побиберете. Поклопете со капак и варете додека месото не биде готово.

По желба можете да го комбинирате со варен ориз и некој вид на компири.

реклама

Рецепти

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Read more

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Динстан пилешки џигер со карамелизиран кромид

Read more

Совети за почетници во кујната: Како да зготвите риба?

Read more
 

Магазин

Денес е најдепресивниот ден во годината: Зошто овој понеделник е критичен?

Читај повеќе

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Читај повеќе

Најдобриот вид чај за регулирање на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Како јадењето премногу здрава храна може да го попречи слабеењето?

Читај повеќе

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Храна што предизвикува проблеми со варењето

Читај повеќе

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Читај повеќе

Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото

Читај повеќе