Актерот Вили Гарсон, познат по улогата на Стенфорд Блеч во серијата „Sex and the City“, почина на 57-годишна возраст. Веста на социјалните мрежи ја објави неговиот син, Нејтен Гарсон.
„Многу те сакам, тато. Почивај во мир, мило ми е што ги делеше сите патешествија со мене и можеше да оствариш толку многу. Се гордеам со тебе“, напиша тој на Инстаграм.
Во серијата „Sex and the City“, Гарсон го толкуваше ликот на Стенфорд Блеч, близок пријател на Кери Бредшо.
Се појавуваше редовно во серијата и во двата филма, а учествуваше и во снимањето на новите епизоди за продолжението And Just Like That кои би требало да се прикажуваат во март, 2022 година.
Актерот боледуваше од рак на панкреасот.