Почна менувањето на тревникот на Тодор Проески, со Англија ќе се игра на нова подлога

Филип Здравески
/ 03.10.2023 / 14:46

АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор соопшти дека почнати се работите на Националната арена „Тодор Проески“ со цел ноемврискиот дуел со Англија да се игра на квалитетна подлога.

Откако паразит беше обвинет дека ја уништил тревата на која цел свет виде како играа Македонија и Италија во квалкификацџиите за ЕУРО 2024, конечно работите мрднаа од место и почнаа активности за поставување на нова трева.

„Отпочнуваме со активности на Националната арена 'Тодор Проески' во насока на целосна ревитализација на тревната површина и нејзините  пропратни елементи. АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката во соработка со ФФМ отпочнува процес на целосно менување на тревната површина коешто последен пат е изведено во 2012 година. Проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде готов пред националниот натпревар со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова, најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции“, соопшти АДИССДП.

Известија и дека пред поставување на тревната површина активно се работи на надградба на системот за наводнување на тревата, на начин којшто ќе биде најадекватен за новото игралиште.

Велат дека вредноста на инвестицијата и на донацијата ќе биде дополнително истакната кога целиот проект ќе се презентира како реализиран.

„Новите услови на Националната арена ќе ги подобрат условите за работа на националниот и клупскиот фудбал, и генерално се во насока на успешно развивање на спортот во Македонија“, додаваат.

Од ФФМ претходно соопштија дека новата тревна подлога ќе биде хибридна, односно комбинација од 70% вештачка и 30% природна трева. Беше најавено и дека средствата обезбедени за оваа реконструкција се 200 илјади евра.

До натпреварот со Англија стадионот ќе биде затворен, а клубовите Работнички и Вардар ќе играат на други терени, најверојатно на „Борис Трајковски“.

Репрезентацијата на Македонија сега во октомври во квалификациите игра на гости против Украина (на неутрален терен во Прага, Чешка), а потоа Ерменија на пријателска ќе ја нагости на „Благој Истатов“ стадионот во Струмица. Со Англија дома играме тек на 20 ноември, натпревар со кој ќе ги затвориме квалификациите. Дотогаш теренот треба да биде целосно реконструиран и подготвен за игра.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе