Почна увидот по пожарот во Универзална сала – работниците кои беа приведени се пуштени дома

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од скопското јавно обвинителство денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар, информираа од Јавното Обвинителство.

Се наведува дека локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај.

Во текот на вчерашниот ден, во рамките на своите надлежности, Државниот инспекторат за труд изврши контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на објектот и изготви записник.

„Бидејќи сè уште трае фазата на прибирање докази, односно до овој момент не е утврдено дека пожарот настанал како последица на човечки фактор, вчера во полициска станица беа земени изјави од три задржани лица, по што тие беа пуштени со оглед на тоа што во оваа фаза нема основ за нивно натамошно задржување“, велат од Обвинителството.

МВР вчера објави дека се приведени тројца градежни работници, кои извршувале задачи во моментот кога избил пожарот.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Македонија

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Read more

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе