Погледнете го емотивниот трејлер за „The Goldfinch“
Откако мајката на 13-годишниот Тео е убиена во бомбардирањето на њујоршкиот Метрополитен музеј, неговиот живот драматично се менува и изборите што ги прави формираат синџир на настани кои ќе го следат низ неговите тинејџерски години и во младоста.
Филмот е во режија на Џон Краули, а филмот е базиран според истоимената книга на Дона Тарт, добитник на Пулицерова награда во 2013 година. Во главните улоги се појавуваат Ансел Елгорт, Никол Кидман, Сара Полсон, Лук Вилсон и Џефри Рајт.
Премиерата е закажана за 13 септември.