Погледнете го финалниот трејлер за „X-Men: Dark Phoenix“
20th Century Fox го објави финалниот трејлер за новиот „X-Men“ филм, „Dark Phoenix“ во кој Џин Греј води борба со новите способности што ќе ги добие по инцидент случен во вселената. Се враќа дома трансформирана и сфаќа дека кога ја губи контролата се случуваат лоши работи.
Премиерата е закажана за 7 јуни, а во главните улоги се појавуваат Џејмс Мекавој, Мајкл Фасбендер, Џенифер Лоренс, Николас Холт, Софи Тарнер, Тај Шеридан, Александра Шип и други.
Филмот е во режија на Сајмон Кинберг.