Ваков ѕвер од Баварците не сме виделе.
Автомобилот што се користи за трки за забрзување, модифициран BMW Серија 2, е најбрзиот примерок на овој бренд моментално достапен.
Однадвор изгледа како ништо да не е допрено, но неговиот шестцилиндарец B58 е всушност толку преработен што ова BMW завршува со 1.500 коњски сили.
Задржан е погонот на сите тркала, заедно со надградената верзија на фабричкиот осумстепен автоматски менувач, а најдобро од сè, сè е усогласено со новиот мотор.
Тоа значи дека оваа Серија 2 ги задржала повеќето оригинални функции, односно има контроли за климата и инфозабавниот систем, за „крстарење“ итн.
Поголемиот дел од внатрешноста се уште е таму, а според сопственикот, автомобилот тежи околу 1.600 килограми.
Сите заедно, ова модифицирано BMW поминува 400 метри за 7,9 секунди со брзина од 281 км/час, што значи дека е најбрзото BMW на планетата на 400 метри