Полициски претреси во Дојран пo наводите за фалсификувани КОВИД-сертификати

Поради наводи за сторено кривично дело фалсификување КОВИД-сертификати во казино во Дојран, полицијата од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица – ОВР Гевгелија вчера изврши претреси на три локации и целокупната одземена документација ќе биде доставена до Основното јавно обвинителство Гевгелија за нивно постапување.

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека претресите, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, се извршени кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација која се однесува на извршени тестирања за присуство на COVID-19, направени претежно на лица од странство.

-Одземен е електронски дневни (книга) на издадени сертификати за периодот од 19 декември 2021 до денот на претресот, а исто така извршени се службени разговори со две лица. При претресот извршен е увид и преглед во компјутерската евиденција (списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање) на правното лице, како и во просториите на „импровизираниот“ медицински пункт во казино во Стар Дојран, соопшти МВР.

По насоки на јавен обвинител, посочува Министерството во соопштението, целокупната одземена документација ќе биде доставена до ОЈО Гевгелија за нивно постапување, а МВР ќе ги преземе сите мерки и активности за кои ќе добие насоки од надлежното обвинителство со цел расчистување на случајот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Хроника

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе