Фудбалерите на Лестер синоќа на стадионот „Кинг Пауер“ во рамките на 5. коло од Лига Европа го совладаа тимот на Легија со 3:1, а натпреварот не го одбележаа само головите, туку и навивачите на гостите од Полска.
Имено, симпатизерите на тимот од Варшава најпрвин палеа факели за време на натпреварот, а потоа и се судрија со полицијата.
Навивачите на Легија, според британските медиуми, запалиле десетици факели и се обиделе да се пробијат до секторот каде што биле навивачите на Лестер.
По тој повод гостинските навивачи ги нападнаа и полицајците кои се обидоа да ги смират, а епилогот од конфликтот најверојатно ќе биде познат денеска.
Нваивачите на Легија важат за најдивите на Стариот континент и секаде каде што гостуваат прават проблеми. УЕФА многупати им додекувала казни и забрани, но сѐ што успеа да направа е да ги предизвика да ѝ упатуваат разни навреди преку нивната првокласна кореографија.
Инаку, „Лисиците“ со синоќешната победа имаат 8 бода и избија на 1. место во Ц групата, а московски Спартак и Наполи имаат бод помалку. Легија е четврта со 6.
Во последното коло Наполи го пречекува Лестер, а Спартак оди кај Легија во Варшава. Доколку руски навивачите дојдат во полста апрестолнина, а тие на Спартак се исто така злогласни, ќе биде поинтересно на трибините на овој натпревар отколку на теренот.