Помалку од илјада активни случаи на заразени од COVID-19

После подолго време во државава, под 1000 е бројот на активни случаи позитивни на коронавирусот. Од направени 3.856 тестирања, вчера беа регистрирани 29 нови случаи позитивни на коронавирусот. На инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 134 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а има околу 515 празни болнички кревети во ковид-центрите.

На вакциналните пунктови во државата, според последните податоци вакцинирани се вкупно 245.413 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 384.466 дози вакцини, а ревакцинирани се 139.053 граѓани.

Со последните бројки, 48 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 35 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. 

Од Министерството за здравство информираат дека вчера се регистрирани 50 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно шест починати лица на возраст од 40 до 95 години. Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите пет во болнички услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.

На инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 134 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 515 празни болнички кревети во ковид центрите.

Од Министерството за здравство соопштија дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата како и дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 440.213 граѓани.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Пред два дена министерот за здравство Венко Филипче информираше дека од Амбасадата на Народна Република Кина било најавено дека во следните седум дена треба да пристигнат 500.000 вакцини Sinovac.

Во однос на ревакцинацијата на нашите граѓани во Србија, Филипче рече дека за разговарал со неговиот српски колега Лончар, за нив да се организира вакцинален пункт, кој би бил поблиску до границата, во Врање или во Ниш.

А како што јави дописникот на МИА од Белград, во Србија продолжува бесплатната вакцинација на граѓаните од соседните земји, а во Врање викендов се вакцинираат граѓани од Северна Македонија.

Според српскиот јавен сервис, РТС, за време на викендот во Врање за вакцинација се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на Pfizer. Досега во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на Република Северна Македонија, а двете дози ги имаат примено 836 лица.

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Македонија

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Read more

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Read more
 

Вести

Фрагментирана интроспекција – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Читај повеќе
  • filter

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Читај повеќе

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

Читај повеќе

Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме да ни забијат нож во грб

Читај повеќе

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Читај повеќе

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Читај повеќе

Палевски спроведен во Кривичниот суд: Негира вина

Читај повеќе

Мајска сесија – Дојди да се преслушаме: На УКИМ голем концерт по повод Денот на Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Читај повеќе