Помина еуфоријата, паѓаат цените на нафтата

На светските берзи цените на нафтата благо паднаа минатата недела, по седум недели раст и се лизна од највисоките нивоа во последните 13 месеци.

Цената на барелот на лондонската берза минатата недела падна за 0,2 проценти на 69,22 долари, додека на американската берза барелот е поевтин за 0,7 проценти и чини 65,61 долар.

На самиот почеток на минатата недела, настана еуфорија на берзите поттикната од разни стимуланси, меѓу кои и вакцинирањето против COVID-19, па цените на нафтата достигнаа нови највисоки нивоа од јануари минатата година, па се чинеше дека трендот на пораст на цените ќе продолжи осма недела по ред.

Поддршка на цената даде и Конгресот на САД, кој го прифати долгоочекуваниот пакет на нови фискални стимуланси за економијата во износ од 1,9 милијарди долари.

„Побарувачката за поризични средства, како што е нафтата, е поддржана со нов стимулативен пакет за економијата на САД, како и секојдневните оптимистички вести за вакцинацијата против COVID-19“, рече Џим Ритербуш, претседател на Ritterbusch and Associates..

Фискалниот и монетарниот стимул и забрзувањето на процесот на вакцинација во многу земји ја поддржуваат надежта дека животот наскоро може да се врати во нормала, што доведува до забрзано закрепнување на економиите од корона-кризата, а со тоа и побарувачката на нафта.

Проценки на производство и залихи

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) предвидува посилно закрепнување на побарувачката оваа година, особено во втората половина на годината, откако неодамна одлучи заедно со група сојузници да го задржат производството во април на речиси истите нивоа како претходно.

ОПЕК и неговите сојузници веќе долго време го намалуваат производството за 7,2 милиони барели на ден на координиран начин за да го совпаднат со намалена побарувачка за време на пандемијата на коронавирусите.

„Проценката дека закрепнувањето во втората половина на годината треба да биде посилно од предвиденото, имплицира дека изгледите за глобалната економија, а со тоа и за побарувачката на нафта, се близу до надминување на проблемите поврзани со COVID-19 “, велат аналитичарите на PVM состојбата на берзите.

Цените беа поддржани и со нагло опаѓање на резервите на бензин во САД минатата недела, за 11,9 милиони барели, додека аналитичарите очекуваа многу поблаг пад, за 3,5 милиони барели.

Залихите на сирова нафта се зголемија за 13,8 милиони барели, многу повеќе од очекуваното бидејќи нафтената индустрија продолжува да ги чувствува ефектите од зимската бура што го запре рафинирањето и производството во Тексас кон средината на февруари.

Зголемувањето на цените, сепак, беше попречено од проценките дека нагорниот тренд ќе ги охрабри американските производители да го зголемат производството, што на крајот може да ги поттикне цените, велат аналитичарите на инвестициската банка JP Morgan.

Според нивните проценки, производството на САД оваа година во просек ќе изнесува 11,36 милиони барели на ден, во споредба со 11,32 милиони барели на ден во 2020 година.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе