Поради корона-кризата ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на изборите во Штип и Пласница

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремените локални избори во Штип и Пласница да бидат одложени поради тоа што, како што велат од партијата, нема нормални услови за нивно одржување имајќи ги предвид големиот број новозаразени од COVID-19. Тие бараат во наредните три дена власта да ги одложи изборите поради корона-кризата, но не прецизираат дали доколку тоа не биде направено ВМРО-ДПМНЕ би имала свој кандидати за градоначалници.

– Изразуваме длабока загриженост за развојот на здравствената и економската врзана со COVID-19 заразата. Евидентно е дека Владата, Зоран Заев и министерот Филипче немаат контрола над работите и исклучително лошо менаџираат со целокупната состојба. Воедно за ова говори и фактот што за два дена имаме над 40 мртви и речиси две и пол илјади новозаразени со COVID-19. Нашата земја е на самиот врв во регионот по бројот на заразени и по бројот на починати споредено со бројката на направени тестови. Сето ова укажува на тоа дека нема услови за одржување на локални избори во Штип и Пласница и дека истите треба да се одложат сѐ до обезбедување на пристојни и нормални услови за функционирање и фер изборна кампања, што беше и едногласен став на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, рече Дафина Стојановска синоќа по завршување на седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчерашните 1.192 новозаразени, како што рече, се нови 1.192 причини за одложување на изборите сѐ до обезбедување на нормални услови со кој би се гарантирало здравјето на граѓаните.

– Не може власта да бара задолжително носење на маски, а да очекува партиите да водат нормална кампања. Не може да има забрана за собири на повеќе од 4 лица, а Владата на Заев да очекува дека изборите во Штип и Пласница нема да го загрозат здравјето на граѓаните. Изборот за градоначалник на Штип со мандат од само 9 месеци може да почека, но заштита на здравјето на Македонија не смее да се занемари. ВМРО-ДПМНЕ никогаш порано и никогаш во иднина нема да води некрофилска политика. Мора да се однесуваме одговорно и граѓаните тоа го бараат од нас. Избори да, но не и по цена на животите на луѓето, истакна таа.

Стојановска рече, дека дополнително на ова, тие како најголема опозициска партија не биле прашани за датумот за одржување на изборите. Не прецизираше, дали доколку власта одлучи изборите да се одржат ВМРО-ДПМНЕ би имал свои кандидати за градоначалници.

– Морам да потенцирам дека и за одредениот датум за одржување на овие предвремени локални избори воопшто не сме консултирани како најголема опозициска партија. Но, еве сепак пред сѐ за здравјето на граѓаните, има рок од три цели дена да наидеме на разум кај партијата на власт. Сепак доколку тие одлучат да се одржат изборите на тој датум, тогаш треба да одлучат дека ќе ја сносат одговорноста односно вината за сето она што може да се случи во текот на таква кампања и во текот на целиот изборен процес. Мислам на жртвите и на заразените, рече Стојановска одговарајќи на новинарско прашање по седницата на Извршниот комитет на партијата.

Изборите за градоначалници на општините Штип и Пласница се организираат откако претходните градоначалници стапија на други функции. Градоначалникот на Штип Благој Бочварски сега е министер за транспорт и врски, а на Пласница е пратеник.

СДСМ вчера објави дека кардиологот и актуелен партеник Сашко Николов е кандидат на партијата за претстојните предвремени избори за градоначалник на Штип.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more
 

Вести

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе