Полскиот ММА борач Мариуш Пуџановски спектакуларно го нокаутираше Михал Матерла на KSW 70 настанот одржан во Полска.

Нокаутот беше толку силен и застрашувачки што целосно го онесвести Матерла, кој остана да лежи на подот неколку минути додека не почна да покажува знаци на закрепнување.
Пуџановски, кој има 45 години, нема изгубено ММА борба од 2019 година и има 17 победи и 7 порази во кариерата. Ова беше еден од најспектакуларните потези што досега ги има изведено.
Пуџановски пет пат беше светски шампион во натпреварување на најсилни луѓе (World's Strongest Man), а два пати го освои второто место. Се смета за еден од најдобрите натпреварувачи во историјата на натпреварување на силни луѓе.
Во 2009 дебитираше во ММА.