Pornhub предлага како да ѝ помогнете на природата
Порно сајтот Pornhub има интересна идеја како со секс да се приклучите во спасувањето на еден животински вид.
Џиновските панди имаат проблем со опстанокот. Мажјаците поголемиот дел од времето го поминуваат во спиење и јадење, а женките се заинтересирани за секс само неколку дена годишно. Затоа, нивното размножување е доведено во опасност и овој вид е на листата загрозени видови.
Pornhub се приклучува кон иницијативите за поттикнување на нивното размножување со следнава идеја: направете ваше порно во панда стил и аплоудирајте го на сајтот. Може да користите костим панда или боја за тело во препознатливата црно-бела шара на пандите.
Откријте повеќе во видеото.