Портали со стари вести за починати од COVID-19 шират паника и вознемиреност во јавноста

Во време кога нашата земја и целиот свет се соочуваат со пандемија каква човештвото не памети, некои медиуми се обидуваат да привлечат публика и кликови со објавување стари вести за смртни исходи од COVID-19.

„Коронавирусот зема уште една жртва: Почина младо момче од Куманово без никакви претходни заболувања“, објави денеска порталот Press24.mk во 12:16ч.

„МЛАДО МОМЧЕ ОД КУМАНОВО ЖРТВА НА КОРОНАВИРУСОТ – претходно немал никакви други заболувања“, гласи насловот на текстот објавен денеска во 12:45ч на порталот „Курир“.

„Веста“ почнува со реченицата „Млад пациент на само 27 години од Куманово починал на Инфективната клиника во Скопје од ковид-19, потврдија од Министерство за задравство за МКД.мк.“, што води кон објава на MKD.mk од 31 октомври 2020, во 13:31 часот.

Ваквото неетичко работење не е новост за овие медиуми чии редакции не само што не ги почитуваат основните начела на новинарството, ами и предизвикуваат паника и вознемиреност кај јавноста во време на здравствена криза што веќе однесе многу животи кај нас и низ светот.

Да биде новинарската трагедија поголема, многу колеги ја пренесоа веста без да ја проверат и потврдат претходно.

реклама

#мкфејл

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Read more

Македонските медиуми и споменикот на Волкот во Белград

Read more

Бурек економија

Read more

Шахтите во светот и кај нас

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе