Поскапуваат дел од горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15% во однос на одлуката од 28 јуни.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,868%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,368%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,387% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,170%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,042%.

Од 2 јули од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • моторен бензин Еуросупер БС-95 – 83,00 (ден/л),
  • моторен бензин Еуросупер БС-98 – 85,00 (ден/л),
  • дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 76,50 (ден/л),
  • масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1)- 75,00 (ден/л),
  • мазут М-1 НС- 48,008 (ден/кг).

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинoт Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,080 ден/кг.

реклама

Голем неделен финансиски хороскоп за секој знак

Read more

Кога потењето е причина да побарате лекарска помош?

Read more

Од 7 јули сите нови автомобили мора да имаат систем за предупредување за брзина

Read more

Netflix го укинува популарниот план за претплата

Read more

Македонија

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за VII одделение

Read more

Левица: Изјавите на амбасадорката Агелер го нарушуваат суверенитетот и претставуваат мешање во внатрешните работи на државата

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Read more

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не нѐ плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Read more
 

Вести

WikiLeaks објави таен документ на израелското разузнавање

Читај повеќе

Свечено доделување на наградите „Антево слово 2024“ на 10 јули

Читај повеќе

Можно е зголемување на германската пензија за 110 евра

Читај повеќе

Издадено предупредување за силно невреме во Грција

Читај повеќе

Јапонија издаде нови банкноти со 3D холограм за да спречи фалсификување

Читај повеќе

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за VII одделение

Читај повеќе

Полицаец во Германија останал без работа бидејќи украл чедар од превртен камион

Читај повеќе

Јапонија конечно ги исфрли од употреба флопи дисковите од владините канцеларии

Читај повеќе

Дали Трамп може да ја заврши војната во Украна ако стане претседател на САД?

Читај повеќе