Повторно доцни мисијата за враќање на луѓето на Месечината 

Лансирањето на мисијата Artemis 1 на НАСА, која беше одложена поради ураганот Јан, ќе се случи во средината на ноември, доколку сè оди според планот.

НАСА првично планираше да ја лансира ракетата SLS како дел од мисијата Artemis 1 на 29 август, но поради проблеми со истекување на гориво, двапати мораше да го одложи тој датум. Откако инженерите ги средија проблемите, агенцијата имаше шанса да го направи тоа на 23 и 27 септември, но поради ураганот што се приближуваше, беше принудена да ја стави ракетата на безбедно, за силното невреме да не ја оштети.

Невремето го погоди Вселенскиот центар Кенеди на 29 септември, а според објавените информации, освен помал упад на вода во повеќе објекти, ракетата SLS и капсулата Orion не претрпеле никаква штета.

Ураганот, сепак, влијаеше на времето на мисијата Artemis 1 - НАСА сега размислува за полетување помеѓу 12 и 27 ноември, иако сè уште не утврдиле точен датум во тој период.

„Фокусирањето на напорите за лансирање во ноември им дава време на вработените во ВЦ Кенеди да ги задоволат потребите на нивните семејства и домови по невремето, како и време за тимовите да извршат дополнителни проверки пред да се вратат на лансирната рампа“, изјавија претставници на НАСА.
  
Artemis  1 е првата мисија во рамките на програмата Artemis, која има за цел да воспостави постојано човечко присуство на и околу Месечината до крајот на деценијата.

Ако се оди според планот, Artemis 1 ќе испрати беспилотна капсула Orion на долгото патување до орбитата на Месечината и назад. Artemis 2 ќе испрати астронаути во орбитата на Месечината во 2024 година, а Artemis 3 ќе слета екипаж во близина на јужниот пол на Месечината во 2025 или 2026 година.

Remote video URL
реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе