Пожарникарите предупредуваат на 5 грешки кои водат до пожар

Ладното време освен настинки со себе носи и други ризици, особено кога станува збор за греење. Неисправна инсталација, оџаци, па дури и новогодишните сијалични може многу лесно да предизвикаат пожар.

Токму за време на зимските месеци, во грејната сезона, пожарникарите бележат зголемен број на пожари во становите и куќите, а за да не дојде до такво нешто потребно е човек да се придржува до одредени правила.

Во зимскиот период неисправните оџаци се чест причинител на пожари, затоа е важно редовно да се чистат, додека изладената пепел од шпоретите на дрва треба да се одлага на предвиденото место. Во спротивно, без обѕир на ниските температури, жешката пепел во контакт со лесно запалливите работи, како на пример хартија, може да доведе до пожар.

Не го оставајте полначот вклучен во струја откако уредот што го полните ќе се наполни, редовно проверувајте ги продолжните кабли и никако немојте да вклучувате куќни апарати и свеќи и да ги оставате без надзор. Кога станува збор за готвењето, жешкото или запалено масло никако не смее да се гаси со вода, како ни електричните уреди и инстралацијата. Обично луѓето во паника веднаш полнат вода за да го изгаснат пожарот, но тоа може да биде кобно.

Според пожаникарите, ова се пет работи до кои секое домаќинство мора да се придржува за да избегне пожар:

1. Не го оставајте шпоретот вклучен без надзор.

2. Немојте да пушите цигара в кревет.

3. Редовно проверувајте ги електроинсталациите и системите.

4. Запалките чувајте ги подалеку од деца.

5. Немојте да користите греалки на гас или со отворен пламен (камин) во простории со слаба вентилација.

Доколку приметите пожар во домот, обидете се да останете смирени и веднаш повикајте пожарна.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе