Познат списокот на репрезентативци до 21 година за претстојните квалификации

Филип Здравески
/ 13.03.2024 / 17:56

Младата репрезентација на Македонија кон крајот на месецовв ги продолжува натпреварите во квалификациите за пласман на Европско првенство 2025 во Словачка. 

Селекцијата предводена од Драги Канатларовски ја очекуваат два натпревара против Гибралтар и Шведска на домашен терен. Дуелот од против Гибралтар е закажан на 21 март на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 14:00 часот, а на истата локација во истиот термин, но на 26 март играме против репрезентацијата на Шведска, која ја изненадивме во првиот натпревар гости победувајќи со 1:0.

Селекторот Канатларовски ги повика следниве фудбалери:

Голмани:
Марко Алчевски - Брера Струмица
Стефан Митрев - Кожуф
Иван Николоски - Саса

Одбрана:
Методи Максимов - Олесунд (Норвешка)
Стефан Деспотовски - Работнички
Решат Рамадани - Шкендија
Имран Фетаи - Тиквеш
Андреј Стојчевски - Жилина (Словачка)
Михаил Димитриевски - Брегалница

Средина:
Иван Николов - Сендерјиске (Данска)
Ардијан Чилафи - Сампдорија (Италија)
Хамза Рамани - Шкупи
Лука Станковски - Тузласпор (Турција)
Алекс Златков - Македонија ЃП
Димитар Тодоровски - Работнички
Матеј Ангелов - Работнички
Ване Крстевски - Шкендија
Берат Калкан - Гостивар
Еркан Семовски - Коге (Данска)
Џемил Јахја - Воска Спорт

Напад: 
Марио Илиевски - Кишварда (Унгарија)
Луан Абази - Санкт Гален (Швајцарија)
Филип Трпчевски - Утсиктен (Шведска)

„Нѐ очекуваат два многу битни натпревари против Гибралтар и Шведска. Мечот со Гибралтар мораме да го добиеме. Императивот е победа, сѐ друго би било неуспех за нас. Во вториот дуел очекувам да се покажеме во добро светло, ќе се обидеме да се надигруваме со силен противник како Шведска и да покажеме дека победата против нив на гостински терен во првото коло не беше случајна“, вели селекторот, пренесува ФФМ.

„На претходните мечеви од квалификациите против Холандија, Молдавија и Грузија резултатски не бевме успешни, се надевам дека тоа нема негативно да се одрази на нашата игра на следниви натпревари. Верувам во моите фудбалери, имаме сили, располагаме со квалитет кој треба да го покажеме на следните квалификациски дуели. Силно посакуваме да се вратиме на победничките патеки“.

„Фокусирани сме на првиот меч против Гибралтар кој мора да го добиеме. Што се однесува за дуелот со Шведска, очекувам да имаат друг пристап во однос на првиот наш меѓусебен дуел, но и ние имаме свои математики и цели, стратегија и начин како да се спротиставиме и како да одиграме против нив“.

„Во Скопје ќе допатуваат сите играчи што се повикани, некои од нив се жалат на повреди, но во консултација со докторскиот тим и стручниот штаб ќе утврдиме кои фудбалери ќе бидат во можност да се стават на располагање за претстојните натпревари. Доколку има потреба, ќе бидат повикани дополнително нови фудбалери. Радува фактот што Трпчевски е здрав и ќе може да се приклучи на националниот тим. Семовски ќе биде големо освежување во средниот ред, Јахја е фудбалер кој подолго време го следиме, со своите игри во клубот заслужи повик во репрезентацијата“, заврши Канатларовски.

Собирот на репрезентација на Македонија до 21 година е закажан на 18 март во 12:00 часот во хотел „Хилтон“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе