Да се потсетиме

Познати личности кои се заразија со COVID-19

Кајгана/МИА
/ 29.12.2020 / 08:55

Бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус се зголемува секојдневно, а меѓу заразените во 2020 година се најдоа и некои од познатите светски личности од политиката и забавната индустрија.

Светски лидери и политичари

„На крајот јас ќе бидам во право. Изјавив неодамна дека коронавирусот ќе исчезне и тоа сега пак го повторувам“, изјави во јули американскиот претседател Доналд Трамп.

Два и пол месеци подоцна, Трамп објави дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на COVID-19 и се наоѓаат во карантин.

Трамп многумина го критикуваа поради неговиот неодговорен однос кон пандемијата, неносењето маска, непочитувањето на физичко растојание и поради изјавите со кои ја намалуваше здравствената опасност од коронавирусот.

Два дена пред да се зарази со коронавирус, за време на првата претседателска ТВ-дебата, Трамп го омаловажи својот противник од редовите на демократите, Џо Бајден бидејќи постојано носи маска и не одржува предизборни митинзи поради пандемијата. Тој вирусот го нарече „безопасен“, тврдејќи дека заболуваат само повозрасни лица и луѓе со срцеви болести, а во првите недели од пандемијата, јавно предлагаше заразените да се лекуваат со „вбризгување средства за дезинфекција во организмот“.

Уште поостар став против коронавирусот имаше неговиот бразилски колега Жаир Болсонаро. Тој го сметаше COVID-19 како „слаба настинка“ и ги обвини медиумите за ширење лажни вести, со цел да внесат страв меѓу населението.

Додека официјалните бројки на починати од COVID-19 драстично се зголемуваа во Бразил, претседателот Болсонаро во врска со таа ситуација единствено рече: „Па што?“.

Тој ги повика Бразилците да се вратат на работните места, ракувајќи се и фотографирајќи се со своите приврзаници на митинг во Бразилија.

Неколку месеци подоцна, Болсонаро трипати по ред беше позитивен на COVID-19. Дури четвртиот пат неговиот тест беше негативен.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека бил „асимптоматски“ инфициран со коронавирусот, неколку дена пред да биде повторно избран на претседателските избори на 9 август.

Тој претходно стравот од пандемијата го опиша како „психоза“, па дури им сугерираше на луѓето да пијат алкохол, да одат во сауни и да играат хокеј на мраз.

Британскиот премиер Борис Џонсон во март беше позитивен на коронавирусот. Тој мина неколку дена  во болница во Лондон. Три дена се наоѓаше на одделот за интензивна нега, кон средината на април беше пуштен од болничко лекување, по што Џонсон му се заблагодари на болничкиот персонал бидејќи му го спасиле животот.

Кон средината на декември францускиот претседател Емануел Макрон објави дека е позитивен на COVID-19 и замина во еднонеделна изолација.

Советникот за национална безбедност на САД, Роберт О’Брајан беше позитивен на коронавирус, се наведува во соопштението од 27 јули.

Британскиот принц Чарлс (71) беше позитивен на вирусот, соопшти неговата резиденција на 25 март. Престолонаследникот се изолираше седум дена во неговата резиденција во Шкотска, имајќи со лесни симптоми.

Принцот Алберт од Монако (62) беше позитивен на коронавирус, но неговото здравје „не предизвика загриженост“, соопшти неговиот кабинет на 19 март.

Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, Софи, беше позитивна на коронавирус по враќање од Велика Британија кон средината на мај. Поради тоа, и премиерот Трудо беше принуден да остане 14 дена во самоизолација.

Поранешниот италијански премиер, 83-годишниот Силвио Берлускони беше инфициран со коронавирус на почеток на септември, по што беше десетина дена хоспитализиран поради воспаление на белите дробови.

Две од неговите деца, како и неговата 30-годишна пријателка, беа исто така позитивни на COVID-19. Кај Берлускони бил утврден вирусот по враќањето од брегот на Сардинија, каде летуваат италијанските богаташи и познати личности.

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, исто така, беше заразен во март, како и поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, кој во март беше хоспитализиран поради позитивен тест на коронавирус.

На листата на политичари кои во Србија беа заразени со коронавирусот се: Александар Вулин, Маја Гојковиќ, Чедомир Јовановиќ.

Времената боливиска претседателка Жанин Ањес во текот на летото изјави дека тестирањето покажало дека е позитивна на коронавирус.И претседателот на Гватемала, Алехандро Џаматеи беше инфициран. 

Претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Ернандез беше позитивен на коронавирусот, а од неговиот кабинет соопштија дека тој ги почитувал здравствените мерки, но поради природата на неговата работа не било можно да биде во целосна изолација.

Од коронавирусот почина поранешниот претседател на Индија, Пранаб Мукерџи на 84-годишна возраст, откако претходно неколку недели беше в0 болница.

Коронавирусот не ги поштеди ниту спортистите 

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во јуни доби позитивен тест на COVID-19. Тој им се извини на сите кои се заразија со вирусот за време на егзибицискиот турнир што го организираше во Србија и Хрватска.

Светскиот рекордер во спринт и осумкратен освојувач на олимписки златен медал Усеин Болт доби позитивен тест на коронавирус. Тој беше тестиран неколку дена по забавата по повод неговиот 34-ти роденден. Тој тогаш изјави дека се наоѓа во карантин и нема никакви симптоми.

НБА кошаркарот и напаѓач на Бруклин Нетс, Кевин Дурент во март беше заразен со коронавирус.

Бразилскиот фудбалер Нејмар е еден од тројцата играчи на ФК Пари Сен Жермен кои се заразија со коронавирус. Инфицирањето на играчите во клубот се поврза со патувањето на одмор на тимот на Ибица. Нејмар подоцна објави фотографија со синот, кој според извештаите, исто така бил позитивен, со коментар: „Благодарам за пораките, на сите ни е добро!“

Меѓу фудбалерите, заразени со коронавирус беа и играчот на Челзи, Калум Хадсон-Одои и на Сампдорија, Маноло Габијадини. Позитивен тест имаше и тренерот на Арсенал, Микел Артета, поради што неговиот тим беше во изолација.

Кошаркарот на Јута Џез, Руди Гоберт се потсмеваше и се шегуваше во врска со коронавирусот, по што беше потврдено дека и тој самиот бил инфициран. Потсмевајќи се со вирусот, Гоберт ги допираше сите микрофони на прес-конференција, како и работите на неговите соиграчи во соблекувалната. Наскоро беше потврдено дека неговиот соиграч Донован Мичел исто така бил заразен со коронавирусот. Веднаш потоа и натпреварите во НБА лигата беа откажани.

Позитивен на коронавирусот беше и кошаркарот, Американецот Треј Томпкинс, кој игра за Реал Мадрид.

Коронавирусот ги погоди и голем број познати актерски имиња во светот

Том Хенкс и неговата сопруга, актерката и пејачка Рита Вилсон, се меѓу првите познати личности кои објавија дека се инфицирале со вирусот. Двојката го доби позитивниот тест на почетокот на март во Австралија. По закрепнувањето и враќањето во САД, Хенкс се ангажираше луѓето да се придржуваат кон мерките за спречување на ширењето на болеста.

Шпанскиот актер Антонио Бандерас кон средината на август доживеа непријатно изненадување на својот 60-ти роденден, откако му беше потврдено присуство на коронавирусот. Бандерас изјави дека роденденот го поминал во изолација, дека е „поуморен од обично“, но „со надеж дека ќе закрепне што поскоро.“

Двејн „Рок“ Џонсон е еден од најновите познати личности на листата на заразени со COVID-19. Преку видео објавено во септември на Instagram тој откри дека заедно со сопругата и двете деца се позитивни на коронавирус, додавајќи дека со тоа доживеал тежок удар. Џонсон упати повик до луѓето да не ја политизираат пандемијата и да носат заштитни маски.

Роберт Патисон беше позитивен на тест за COVID-19, па од таа причина, по само неколку дена од повторниот почеток, е прекинато снимањето на филмот Бетмен. Патисон, кој се појавуваше и во филмовите за Хари Потер, ја презеде улогата на Бетмен откако минатата година се повлече Бен Афлек.

Од COVID-19 се заразија и повеќе светски музички ѕвезди

Мадона била заразена со коронавирус кон крајот на турнејата Madame X. Пејачката и членовите на екипата биле болни по настапите во Париз кон почетокот на оваа година. На Instagram Мадона ги информира своите фанови дека е позитивна на антитела, што значи дека веќе го имала вирусот, без да знае.

Американската пејачка Пинк изјави на 5 април дека две недели претходно добила позитивен тест на коронавирус и е веќе здрава. Таа даде еден милион долари за помош во борбата против COVID-19.

Италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели истакна дека се чувствувал како да „живее во кошмар“ за време на борбата со вирусот во март.

Пласидо Доминго, еден од најголемите оперски пејачи во светот, објави во март дека има коронавирус и се наоѓа во изолација.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Живот

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more
 

Магазин

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе