КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА У21 ЕУРО 2023

Познати младите фудбалери за дуелите со Украина и Франција

Филип Здравески
/ 02.11.2021 / 15:52

Селекторот на македонската репрезентација за играчи до 21 година, Драги Канатларовски, го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните квалификациски натпревари.

Фото: ФФМ

Во ноемврискиот прозорец Македонија ја очекуваат два тешки дуели проти двата фаворита за врвот на табелата во квалификациската група Х. И на двата натпревара ќе бидеме домаќини, во Скопје, а прво на 11-ти играме со Украина на „Петар Милошевски“ стадионот, додека пет дена подоцна, на 16-ти се соочуваме со гигантот Франција на Националната арена „Тоше Проески“.

Проблеми за селекторот има бидејќи на „Кенгурите“ Стефан Чолаковски и Метју Божиновски не им е дозволено да допатувата поради ковид-рестрикциите а Австралија. Додатно, Агон Елези е повреден и не е нитру на списокот на кој се наоѓа Станковски кој го мачи повреда и не се знае дали навреме ќе се опорави.

Голмани:
Давид Денковски - Брегалница
Марко Алчевски - Академија Пандев
Дамјан Серафимов - Кадино

Одбрана:
Филип Антовски - Аустриа (Австрија)
Блертон Шеји - Шкупи
Славе Маркоски - Охрид
Марио Младеновски - Македонија ЃП
Адриан Хајдари - Рапид (Австрија)
Стефан Наумчевски - Тиквеш
Јован Манев - Брегалница

Среден ред:
Иван Николов - Вардар
Димитар Тодоровски - Работнички
Енис Фазлагиќ - Жилина (Словенија)
Али Адем - Шкупи
Томче Гроздановски - Дугопоље (Хрватска)
Амел Рустемоски - Вил (Швајцарија)
Лука Станковски - Работнички
Арби Воша - Македонија ЃП
Методи Максимов - Работнички
Флорент Рамадани - Шкендија

Напад:
Марко Ѓорѓиевски - Шкупи
Емир Скендери - Струга
Марио Илиевски - Септември (Бугарија)

„Задоволен сум од освоените 4 бода од последните натпревари, особено против Ерменија во Ереван каде што одигравме многу квалитетно и успеавме да издвојуваме победа на многу тежок терен. Сакаме да ја пренесеме таа позитивна атмосфера и на претстојните натпревари против Украина и Франција. Нѐ очекуваат два извонредно тешки натпревари против силни и квалитетни селекции. Фокусот е на дуелот со Украина, мислам дека шансата за освојување на 3 бода треба да ја бараме на овој натпревар. Франција е апсолутен фаворит во групата. Треба да покажеме пред сѐ квалитет и храбра игра на двата меча. Ќе дадеме сѐ од себе да се претставиме во добро светло пред домашната публика“, вели селекторот Канатларовски.

Додаде и дека го загрижува тоа што дел од репрезентативците, посебно од домашната лига, немаат голема минутажа во своите клубови.

Собирот на репрезентацијата е закажан на 7 ноември во 10:00 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

реклама

Фудбал

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Read more

Милевски: Нашите играчи се феномени, со мала клупска минутажа даваат максимум во репрезентацијата

Read more

Меси индиректно му одговори на Роналдо за врвот на кариерата

Read more

Селекторот Милевски го објави списокот на играчи за одлучувачкиот меч против Велс

Read more
 

Спорт

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе

Факти за Големата награда на Бразил, спектаклот е загарантиран

Читај повеќе

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Читај повеќе

Милевски: Нашите играчи се феномени, со мала клупска минутажа даваат максимум во репрезентацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси индиректно му одговори на Роналдо за врвот на кариерата

Читај повеќе

Селекторот Милевски го објави списокот на играчи за одлучувачкиот меч против Велс

Читај повеќе

Спектакуларен гол на Јамал во стилот на Меси

Читај повеќе

Лоши вести за ПСЖ и Мароко – Хакими ќе отсуствува неколку недели

Читај повеќе

Милан и Интер го купија Меаца од градот Милано

Читај повеќе