СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ ЈАПОНИЈА 2019

Познати полуфиналните двојки на женскиот ракометен Мундијал

Норвешка не ѝ дозволи на Германија да се избори во полуфинале, исто како и Црна Гора која ѝ направи услуга на Шпанија победувајќи ја Шведска.

Група 1

Холандија ја оствари потребната победа против Јужна Кореја и остана да се надева дека Германките нема да триумфираат над Норвешка. Лоис Абинх со 11 голови беше најефикасна, а се истакна и најдобриот стрелец досега на првенството, Кореанката Ју Ун-хи која погоди 9 пати и го заврши Мундијалот со 69 голови.

Холандија - Јужна Кореја 40:33

Откако Холандија не киксна со Јужна Кореја стана јасно дека Србија нема шанси за полуфинале. Во интересен натпревар против Данска на кој секоја репрезентација доби по едно полувреме, на крајот се заврши со поделба на бодовите.

Србија - Данска 26:26

Германките мораа да победат против силната Норвешка за да дојдат до шанса да се борат за медал, меѓутоа сѐ што успеаја да направат беше да водат неколку минути, а во два наврата и со два разлика. Од средината на првиот дел Норвежанките ја презедоа контролата и резултатски до крајот одржуваа темпо на кое Германија не можеше да парира.

Норвешка - Германија 32:29

Конечна табела:
1. Норвешка 8
2. Холандија 6

3. Србија 5
4. Германија 5
5. Данска 4
6. Јужна Кореја 2

Група 2

Шпанија - Русија 26:36

Домаќинот Јапонија во голем стил го заврши Мундијалот. Со дури 17 разлика ја совлада Романија, а Харуно Сасаки со 8 и Јуи Сумани со 7 беа најефикасни.

Романија - Јапонија 20:37

Откако Шпанија сабајлево беше преслушана од Русија, Швеѓанките добија шанса со победа над Црна Гора да се најдат во полуфиналето. Но, иако елиминирани, Црногорките одиграа одлично и на крајот се изборија за натпревар за 5-то место. Шведска ја запре Радичевиќ, но ја замени расположената Мајда Мехмедовиќ која со 7 погодоци заедно со Лин Блом беше најефикасна.

Црна Гора - Шведска 26:23

Конечна табела:
1. Русија 10
2. Шпанија 7

3. Црна Гора 6
4. Шведска 5
5. Јапонија 2
6. Романија 0

Во полуфиналето во петок ќе се сретнат Норвешка - Шпанија и Русија - Холандија. Истиот ден прво за 7-мо место ќе играат Германија и Шведска, додека за 5-тото ќе се борат соседите Србија и Црна Гора. Финалето е в недела од 12.30 часот по македонско време.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе