Пред една година за малку ќе умреше на терен, сега има понуди од три клуба

Кристијан Ериксен потпиша договор со Брентфорд претходно оваа година.

Да потсетиме, минатата година на Европското првенство доживеа срцев удар. Откако му беше вграден дефибрилатор, тој автоматски повеќе не можеше да биде член на италијанскиот шампион бидејќи Серија А не им дозволува на играчите на кои им е вграден каков било инструмент што го регулира пулсот да настапуваат.

Замина во англискиот прволигаш со кој ја заврши сезоната на 11. место.

„Верувам дека имаме шанса да го задржиме Ериксен. Навивачите ќе му направат статуа до стадионот за две или три години“, изјави тренерот на Брентфорд, Томас Франк.

Фабрицио Романо, најпознатиот експерт за трансфер информации, на Twitter објави дека Ериксен има понуди од три клуба. Пред тоа ќе разговара со раководството на Брентфорд.

URL

Да потсетиме, на 12 јуни минатата година во 42. минута од мечот меѓу Данска и Финска на ЕП што се играше на Паркен во Копенхаген, Ериксен падна на земја и остана да лежи без знаци на живот. Екипата на Брзата помош брзо стигна до него и ја започнала процедурата за реанимација, по што тој на носилки беше изнесен од теренот, а натпреварот беше прекинат.

За малку ќе умреше и му се врати на фудбалот

Еден ден подоцна, лекар од данската репрезентација објави дека Ериксен едвај преживеал срцев удар, а на 18 јуни данската фудбалска асоцијација објави дека успешно е извршена операција за вградување на дефибрилатор во Ериксен.

Овој апарат му е потребен поради аритмијата на срцето предизвикана од срцевиот удар што го доживеа. И покрај сето тоа му се врати на фудбалот. Тој оваа сезона забележа десет настапи во Премиер лигата. Тој постигна еден и асистираше за четири гола.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе