Пристигна трејлерот за „Star Wars: The Last Jedi“
Долгоочекуваниот трејлер за новиот филм од „Star Wars“ франшизата е конечно тука. Откако порано утрово беше откриен постерот за филмот, сега го добивме и официјалниот трејлер.
Во новиот дел, наречен „Star Wars: The Last Jedi“ повторно ќе ги гледаме Фин, По и Реј, но овојпат тука е и Лук Скајвокер, кој беше изгубен во првиот дел и мисијата на тимот беше да ја пронајдат неговата локација.
Филмот е во режија на Рајан Џонсон, веројатно најпознат по неговиот научно-фантастичен хит од 2012, „Looper“.