Професор од Харвард вели дека лососот и туната се преценети, јадете друга риба

Сè повеќе луѓе додаваат риба во својата исхрана поради омега-3 масните киселини кои се здрави за срцето.

Но, можеби е време да ги прескокнете лососот и туната и наместо тоа да посегнете по сардини и школки.

„Помалите риби и школките може да го зголемат внесот на микронутриенти, како што се цинк, железо, витамин Б12 и омега-3 масни киселини“, вели професорот за исхрана на Универзитетот Харвард, Кристофер Голден.

„Од сите видови, малите риби се најдобриот извор на овие хранливи материи по тежина. А ние не консумираме доволно од нив“, додаде тој.

Што се однесува до рибата, неговиот совет е дека лососот и туната се преценети и дека треба да го зголемите внесот на харинга, скуша, сардина и инчуни. Од школки препорачува остриги, школки и ракови, пренесува CNBC.

„Ако јадете помала риба, како и школки, поголема е веројатноста да внесете помалку жива. Покрај тоа, овие видови риби и школки се најдобри можни извори на животинска храна од гледна точка на одржливост“, рече тој.

И конечно, не заборавајте на морските алги.

„Имаат малку калории, се добар извор на растителни влакна, а исто така содржат јод, минерал кој е потребен за производство на хормони на тироидната жлезда“, се вели во написот на Harvard Health Publishing.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Читај повеќе

Оваа сабота во Јавна соба базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Читај повеќе