Промашување на векот: Најголемиот трговски центар во светот зјае празен

Иако овој трговски центар беше замислен како луксузен рај за шопинг, од неговото отворање во 2005 година, тој е претежно празен, односно 99 проценти од неговите капацитети зјаат празни...

Трговскиот центар South China Mall во кинескиот град Донгуан се смета за најголем трговски центар во светот. Поточно, трговски центар со најголема површина на расположливи простории за изнајмување - скоро 660.000 квадратни метри простор што може да собере повеќе од 2.300 продавници.

Дубаи Мол е поголем во површина - има повеќе од еден милион квадратни метри простор, но исто така вклучува и други објекти како хотел, зоолошка градина и тематски парк.

Архитектите го дизајнираа трговскиот центар South China Mall како место со седум меѓународни зони, кои ги имитираат Амстердам, Париз, Рим, Венеција, Египет, Карибите и Калифорнија. Центарот опфаќа копија на Триумфалната капија, камбанаријата на базиликата св. Марко висока 25 метри во Венеција, како и канал со гондоли долг 2 килметри. Предвидувањата беа дека шопинг центарот ќе привлекува околу 100.000 посетители секој ден.

Но, реалноста на South China Mall е сосема поинаква – тој стана трговски центар на духови - изнајмени се само деловни простории на главниот влез во центарот, а меѓу нив главно се локали на синџири за брза храна од Запад.

Многумина веруваат дека South China Mall е лошо замислен проект изграден на погрешно место. Имено, сопствениците на Dongguan Sanyuan Yinghui Investment & Development сакаа да привлечат богата клиентела од големите градови како Гуангжу и Шенжен, но го сместија трговскиот центар во град во централната провинција Гуангдонг, каде што повеќето од 8 милиони жители се мигранти со ниски примања.

Во 2015 година, центарот претрпе серија реновирања и измени, а во него започнаа да се отвораат бутици и ресторани со подостапни цени за производи и услуги. Иако во последните пет години повеќе луѓе го посетиле центарот од кога и да било порано, неговите објекти сè уште се полупразни. Најпосетуваната содржина во центарот е 3D киното.

Remote video URL
реклама
Прогласена најубавата плажа на светот

Прогласена најубавата плажа на светот

Read more
Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Read more
Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Read more
Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе