Протекоа детали: Warner Bros. планира серија за Хари Потер

Warner Bros. Discovery Inc. е блиску до склучување договор за ТВ серија базирана на „Harry Potter“, најпродаваните книги за деца и млади, тврдат двајца добро упатени во случајот.

Серијата ќе има 7 сезони, а секоја сезона ќе биде базирана на една од седумте книги на Џ.К. Роулинг, открија двајцата извори кои побараа да останат анонимни со оглед на тоа што договорот не е објавен. Ова би било освежување по години поминати од последниот филм за момчето што преживеа.

Компанијата се надева дека серијата може да биде камен темелник на нова стриминг стратегија која ќе биде објавена наредената недела од Warner Bros., партнерот на HBO. Главниот извршен директор на оваа компанија, Дејвид Заслав, и шефот на HBO, Кејси Бројс, се труделе да ја убедат Роулинг да ја продуцира новата серија, но договор сѐ уште не е постигнат.

Серијата ќе им овозможи на сценаристите да навлезат многу подлабоко во светот од книгите на Роулинг, од кои добар дел се со над 500 страници. Warner Bros. претходно секоја од седумте книги ги претвори во хит филмови, кулминирајќи со дводелен филм базиран на последната книга. Но, филмовите доловуваат премалку од она што е опишано во фантастичните книги.

Warner Bros. одамна е желен да направи повеќе со едни од најпродаваните книги на сите времиња. Додека Роулинг даде одобрение за театарска претстава и тематски парк, допрва треба да даде дозвола за нови филмови или серии.

Портпарол од Warner Bros. одби да даде коментар на темата.

Писателката ќе биде инволвирана во серијата за да се осигура дека таа ќе биде автентична на нејзиниот оригинален материјал, но нема да биде присутна на сетот секој ден, ниту пак ќе има улога на главен творец на содржината, тврдат изворите. Роулинг од време на време покренува контроверзии со нејзините забелешки за транс заедницата.

Warner Bros. се подготвува да ја објави новата стриминг стратегија, вклучувајќи го името Max за својот флагшип онлајн сервис, кој дебитираше како HBO Max. Клуч за оваа стратегија ќе биде нови содржини, особено филмови и серии базирани на приказни и ликови што гледачите веќе ги познаваат.

Warner Bros. располага со голема библиотека на програми што одговараат на потребата, вклучително волшебниот свет на Роулинг, материјали од „Lord of the Rings“ и цела листа на суперхерои како Бетмен, Спајдермен и Вондер Вомен.

Заслав одлучил да инвестира во помалку филмови и серии и да се сконцентрира на оние што компанијата веќе ги има, правејќи ги од повисок калибар. Во февруари тој објави дека компанијата ќе прави нов серијал филмови за „Lord of the Rings“, иако деталите допрва треба да се прецизираат.

„Harry Potter“ книгите ја раскажуваат приказната за млад волшебник чии родители биле убиени кога тој бил бебе и кој потоа е одгледан од неговите немагични вујна и вујко. Открива дека е волшебник и добива покана да учи во Хогвортс, најдоброто училиште за волшебници во светот.

Брендот „Harry Potter“ создаде серија успешни производи и спинови. Соработувајкќи со Avalanche Software од Солт Лејк Сити, Warner Bros. во февруари ја објави долго очекуваната игрица „Hogwarts Legacy“, базирана на светот на Хари Потер.

Серијалот филмови доби и театарска претстава наречена „Harry Potter and the Cursed Child“.

Но, самите книги и филмови се оние што оставија најголем белег. Според американскиот издавач Scholastic Corp., серијалот книги за 25 години се продале во 600 милиони копии на 85 јазици, со што приказната за Хари Потер стана најпродавана на сите времиња. Сите седум книги се преведени и на македонски јазик.

Осумте филма базирани на книгите остварија профит од продажба на билети од над 7,7 милијарди долари, на светско ниво, според Box Office Mojo.

Од 2016 до 2022 година филмовите добија и три спиноф филма во серијал наречен „Fantastic Beasts“, со дејство што се случува многу пред тоа за Хари Потер.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе