Прв трејлер за „Muppets: The Happytime Murders“
Заборавете на Мапетите какви што ги знаете, бидејќи во новиот „The Happytime Murders“ тие ќе ви покажат што се случува кога децата не гледаат. Сосем новата насока на Мапетите треба да ги привлече возрасните во кино, за да се потсетат на нивните омилени ликови од детството.
Повеќе од 10 години The Jim Henson Company произведува содржина за возрасна публика под името HA! (Henson Alternative), а сега конечно оваа компанија го има и својот деби-филм во кој како главна улога се појавува Мелиса Мекарти, а во филмот се појавуваат и Маја Рудолф, Џоел Мекхејл, Елизабет Бенкс, Лесли Дејвид Бејкер и Џими Јенг.
Премиерата е закажана за 17 август.