КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Прва победа за Боливија, се лизнаа Аргентина и Бразил

Филип Здравески
/ 17.11.2023 / 09:31

Јужноамериканските квалификации се одиграа ноќеска, а ги одбележаа поразите на гигантите Аргентина и Бразил, но и првата победа на Боливија.

Токму Боливија го означи стартот на колото пречекувајќи го Перу во главниот град Ла Пас, препознатлив по големата надморска височина. Ова беше дерби на дното со оглед на тоа што двете репрезентации во првите четири кола не запишаа победа. Боливијците дојфдоа до бодовите благодарение на головите на играчите со исто презиме - Енри Вака и Рамиро Вака.

Remote video URL

Стадион „Ернандо Силес“, Ла Пас
Боливија - Перу 2:0
20', Енри Вака, 87' Рамиро Вака

Најнеинтересно беше во Венецуела каде домашната репрезентација одигра без голови со Еквадор. Двата тима имаа малку шанси, а гостите имаа и поништен гол уште во 5. минута кога ВАР одлучи дека стрелецот Вилиам Пачо бил во офсајд.

Remote video URL

Стадион „Монументал де Матурин“, Матурин
Венецуела - Еквадор 0:0

Светскиот шампион Аргентина го одигра дербито наречено Класико де ла Плата против соседот и лут ривал Уригвај и тоа на стадионот на Бока Жуниорс, „Ла Бомбонера“, каде никогаш немаше загубено натпревар што не е пријателски.

Сепак, пред 57-илјадната публика Аргентина потфрли и го запиша првиот пораз по оној на воведниот натпревар на Мундијалот во Катар од Саудиска Арабија. Уригвајците поведоа во 41. минута преку Роналд Араухо, а победата ја запечати Дарвин Нуњес на три минути пред крајот.

Remote video URL

Стадион „Алберто Хосе Армандо“, Буенос Аирес
Аргентина - Уругвај 0:2
41' Роналд Араухо, 87' Дарвин Нуњес

Бразил го запиша вториот пораз во квалификациите откако со пресврт загуби на гостувањето кај Колумбија. А, така не ветуваше почетокот. По само 4 минути игра Габриел Мартинело донесе водство за „Селесау“, водство кие Бразилците го чуваа во 15 минути пред крајот.

Тогаш на сцена стапи Лиус Диас и со два гола за пет минути се погрижи за комплетен пресврт и бодовите за останат во Колумбија.

Стадион „Роберто Мелендес“, Баранкиља
Колумбија - Бразил 2:1
75', 79' Лиус Диас

Чилеанците уште еднаш потфрлија откако ноќеска пред своја поублика не успеаја да го совладата Парагвај, иако гостите цело полувреме играа со 10 играчи. Кон крајот на натпреварот и Чиле остана со играч помалку, а на семафорот остана најнепопуларниот резултат.

Стадион „Давид Арељано“, Сантјаго де Чиле
Чиле - Парагвај 0:0

Табела:

Наредното коло се игра во понеделник после полноќ, односно вторник рано утрината по македонско време, а се среќаваат:

Парагвај - Колумбија
Еквадор - Чиле
Ургвај - Боливија
Бразил - Аргентина
Перу - Венецуела

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе