Фиорентина е првиот тим кој во новата сезона остана непоразен против шампионот Јувентус отккао натпреварот на преполниот „Артенио Франки“ заврши без голови.
Домашниот тим дури и беше поконкретен и имаше повеќе шанси за постигнување гол, но сепак на крајот двата тима ги поделија бодовите.
Јувентус првата прилика ја имаше дури во 85-тата минута преку Кристијано Роналдо, но неговиот удар заврши над пречката.
За виолетовите ова е првиот освоен бод сезонава откако во претходните две кола запишаа два пораза.