Први случаи на мајмунски сипаници кај деца во САД

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) ги потврди првите случаи на мајмунски сипаници кај деца. Болеста е откриена кај дете во Калифорнија и кај бебе, кое не е американски државјанин.

Се претпоставува дека двата случаи не се поврзани и веројатно децата се заразиле во домот. Децата се во добра здравствена состојба. Здравсствените власти истражуваат како децата се заразиле, пишува CNN. И двете деца ги имаат симптомите и се лекувааат со антивирусни лекови, засега се во добра здравствена состојба.

Д-р Џенифер МекКвистон од CDC истакна не е изненадувачка појавата на педијатриски случаи на мајмунска сипаница, но оти сè уште нема докази дека вирусот се проширил вон хомосексуалната и бисексуалната заедница и други мажи кои имаат секс со мажи.

Таа додаде дека 99 проценти од 2.891 случаи на мајмунски сипаници потврдени во САД се однесуваат на мажи кои имаат секс со мажи. Но, вирусот лесно се пренесува во контакт со заразено лице преку кожа, употреба на заеднички предмети и слично.

Ситуацијата со мајмунски сипаници се влоши во изминатите недели, а сега има повеќе од 15.300 заразени во 71 земја и пет смртни случаи во Африка.

Мајмунски сипаници првпат се дијагностицирани кај човек во 1970 година, но болеста е помалку опасна и заразна од големите сипаници кои се искоренети во 1980 година.

Мајмунските сипаници се карактеризираат со рани на кожата, што можат да се појават на гениталиите или на устата. Болеста е придружена со треска, болки во грлото и болки во лимфните јазли и осип што наликува на сипаници. Болеста обично поминува сама по себе, но може да биде многу болна. 

реклама

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе