Работнички со победа го прослави роденденот

Фудбалскиот клуб Работнички денеска слави 82-ри роденден кој го прослави на најубав начин, со победа над Ренова.

Деветтото коло од македонската Прва лига почна денес со натпреварот помеѓу Работнички и Ренова, додека останатите четири се играат утре. Клубот од Дебар Маало, основан на 4 октомври 1937 година, денеска едноставно не смееше да си дозволи да не победи и да го расипе роденденското славје.

Голот кој го реши победникот беше автогол на гостинскиот дефанзивец Ненад Мишковски во 58-мата минута кога по нафрлувањето на Себастијан Ерера со глава во обид да расчисти го совлада својот голман.

Работнички пропушти убава можност да ја запечати победата кога во 81-вата минута Иван Марковиќ не реализираше удар од белата точка. Неговиот шут заврши во пречката.

За „црвените“ ова е само трета победа оваа сезона, додека Ренова го претрпе четвртиот пораз.

Утре од 15 часот се среќаваат:
Борец - Струга
Македонија ЃП - Шкупи
Акјадемија Пандев - Силекс
Шкендија - Вардар

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе