Рајола: Ибра прави склекови додека седам на него, во топ форма е

Менаџерот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Рајола, изјави дека Ибра е во одлична физичка состојба и покрај тоа што има 39 години и дека прави склекови додека тој седи на него.

„Златан е во одлична физичка состојба и понекогаш прави склекови додека седам на него, а јас тежам многу. Тој би можел да игра до 50-тата година, но сака да игра само во силни лиги“, изјави Мино Рајола за холандскиот дневен весник de Volkskrant.

Иако има 39 години, Златан Ибрахимовиќ игра одлично во дресот на Милан, кој по осум кола го држи првото место во италијанскиот шампионат, а шведскиот голгетер е најдобар стрелец во лигата со 10 погодоци. Тој постигна два гола во неделата во победата на „Росонерите“ над Наполи со 3:1, но се здоби со повреда на мускулот на левиот бут и ќе паузира десет дена.

„Ибрахимовиќ ги поставува стандардите од кои клубовите профитираат со години. Каде беше ПСЖ пред него, каде беше Милан? Тој го воскресна Милан од мртвите и сега е 90 проценти од тој тим“, рече Рајола.

По Пари Сен-Жeрмен и Манчестер Јунајтед, Ибрахимовиќ помина скоро две години во американската МЛС лига играјќи за ЛА Галакси, пред да се врати во Милан на крајот на декември 2019 година, чиј дрес претходно го носеше две сезони (2010-2012).

„Тој отиде во ЛА Галакси затоа што сакаше да живее во Лос Анџелес со своето семејство. Но, играчки му беше катастрофа. Златан секогаш сака да победи, без разлика дали се работи за фудбал или видеоигри, а неговите соиграчи во ЛА Галакси ја немаа таа желба за победа“, додаде неговиот менаџер.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе