Филм & ТВ

„Ralph Breaks the Internet“ се задржа на врвот на светскиот боксофис

4. декември 2018 - 14:28 | К.З.

Две недели по премиерата на „Ralph Breaks the Internet“, ова продолжение на анимираниот хит од 2012 година и понатаму се одржува на самиот врв на боксофисот. Филмовите кои ја доживеаја премиерата овој викенд остварија разочарувачки резултати, па врвот на листата на филмови со најголема заработка остана скоро непроменет во однос на минатата недела.

Божиќниот анимиран филм „Dr. Seuss’ The Grinch“ имаше лош тајминг и досега постигна прилично лоши резултати на боксофисот, барем во споредба со очекувањата на студиото Universal, кое е одговорно за продукцијата на филмот.

Листата на Топ 10 филмови со најголема заработка остана скоро непроменета, со исклучок на едниот новитет во однос на минатата недела. „The Possession of Hannah Grace“ е новиот хорор филм на студиото Sony и тој успеа да заработи нешто над 6 милиони долари, со што се пласираше на седмото место на боксофисот.

Трилерот „Widows“ на режисерот Стив Мекквин продолжи со помала заработка од очекуваното и покрај позитивните коментари од публиката и критичарите. Викендов тој заработи само 4,4 милиони долари, што беше доволно само за деветтото место на боксофисот.

Топ 10 филмови со најголема заработка изминатиот викенд:

  1. „Ralph Breaks the Internet“ – 25,5 милиони долари
  2. „Dr. Seuss’ The Grinch“ – 17,9 милиони
  3. „Creed II“ – 16,6 милиони
  4. „Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald“ – 11,3 милиони
  5. „Bohemian Rhapsody“ – 8 милиони
  6. „Instant Family“ – 7,1 милиони
  7. „The Possession of Hannah Grace“ – 6,4 милиони
  8. „Robin Hood“ – 4,7 милиони
  9. „Widows“ – 4,4 милиони
  10. „Green Book“ – 3,9 милиони долари.

Коментирај