Pi камера v2

Raspberry Pi добива надградена камера со 8 мегапиксели

Од лансирањето пред четири години, минијатурниот компјутер Raspberry Pi претрпе бројни ревизии, како и хардверски додатоци за него, а сега ќе добие и обична и инфрацрвена камера базирана на сензорот IMX219 на Sony.

Еден од првите додатоци за Raspberry Pi остана непроменет цело време од неговото лансирање, а тоа е OmniVision OV5647 модулот за камера со 5 мегапиксели. Главата причина беше во потегот на Raspberry Pi фондацијата која во тоа време набави огромна количина од овој сензор за да ја задржи цената ниска, како и да има секогаш доволни количини на камери „на лагер", но се чини дека на овие залихи им дојде крајот.

IMX219 сензорот на Sony има можност за снимање на фотографии со резолуција од 3.280 х 2464 пиксели и 1080р HD видео со 30 fps, импресивен квалитет на фотографиите, приказот на бои и перформанси дури и при слабо осветлување.

Како и секогаш до сега во случајот со Raspberry Pi компјутерите и опремата за нив, новиот модел на хардвер ќе се продава по стара цена од 25 долари.

Тагови
реклама

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе