Раул Гонзалез и РФМ ја прекинаа соработката

Скопје, 4 февруари 2019 (МИА) – Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) денеска соопшти дека ја прекинуваат соработката со Шпанецот Раул Гонзалез по заемна согласност.

– Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката, соопштија од РФМ.

Оттаму му се заблагодарија на популарниот „Ел команданте“ за досегашното работењe со сениорскиот тим и му посакаа се најдобро.

– Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи, додаваат од РФМ.

Раул моментално е тренер на француски ПСЖ, откако од клупата го предводеше скопски Вардар кон титулата европски шампион.

На изминатово СП, кое неодамна се одржа во Германија и Данска, Гонзалез ги водеше „жолто-црвените“ до пласман на 15 место.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе