Разумни трансфери: Арсенал
YouTube каналот за Tifo Football презентира информативни, илустрирани фудбалски анализи. Во најновиот серијал „Разумни трансфери“ ги анализира најдобрите варијанти за трансфери кои ќе им годат на клубовите, финансиски и организациски.
По Барселона, на ред се Арсенал. Англискиот клуб познат по небулозната динамика на регрутирање во моментов се соочува со финансиски „шкрипец“, а и пандемијата дефинитивно не помогна. Што ќе направи Микел Артета? Tifo Football имаат неколку разумни предлози.