Реакцијата на мал носорог кога за прв пат гледа снег
Зоолошката градина во Ајова објави забавно видео во кое главна ѕвезда е тримесечен носорог. Малечкиот носорог за првпат гледа снег и си игра во него, пред будните очи на неговата мајка.
Неговата реакција е урнебесна, првин го јаде снегот, па си игра во него и на крај, откако снегот е стопен, го бара каде исчезнал.