Реал Мадрид денеска го претстави дефанзивецот Дејвид Алаба како нов играч на тимот. Трансферот на австрискиот фудбалер беше објавен на 28 мај.
– Има нов член во групата, стои во пораката под видеото на Алаба на Twitter.
Минатата сезона, Алаба играше за Баерн Минхен. Во германското првенство одигра 32 натпревара, постигна 2 гола и направи 3 асистенции.
Порталот Transfermarkt го проценува дефанзивецот на 55 милиони евра. Договорот на играчот со Реал Мадрид е на пет години.