Рецепт за гурмани: Пилешко со калинка и портокал

Почна сезоната на калинки и шипинки, едни од најстарите видови на овошје познати на човештвото.

Бидејќи сега е сезона на калинки, ви носиме сочен рецепт направен со пилешко и ова овошје кое е симбол на плодноста.

Записи за калинките може да се најдат во многу култури и религии, а ова хранливо овошје богато со антиоксиданси отсекогаш било почитувано како симбол на здравје, плодност и вечен живот.

Подолу е рецепт за пилешко печено во рерна со портокали, кромид и калинка.

Потребни состојки:

  • 1,8 кг пилешко
  • ½ китка мајчина душица
  • 3 портокали
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 дл сок од портокал
  • 2 лажици соја сос
  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сок од калинка
  • сол
  • бибер
  • 400 гр мали главици црвен кромид
  • 1 помала калинка

Подготовка:

Најдобро за овој рецепт е да употребите копан или докопан, но може и цело пилешко или гради. Месото ставете го во чист, широк сад.

Искинете ги листовите мајчина душица од гранчињата. Ситно изрендајте ја кората од еден портокал и исцедете го сокот. Сите овие состојки измешајте ги со сок од лимон, соја сос, маслиново масло и сок од калинка, и зачинете со бибер и сол. Пилешкото прелијте го со маринадата, убаво измешајте, покријте со проѕирна кујнска фолија и ставете го во фрижидер најмалку 4 часа.

За тоа време, еднаш или двапати добро измешајте го месото во маринадата и вратете го во фрижидер. Загрејте ја рерната на 200 степени. Кромидот исчистете го и исечете го на четвртинки.

Извадете го пилешкото во маринада од фрижидер и ставете го во широк сад за да биде рамномерно распоредено за печење. Помеѓу парчињата месо наредете кромид. Оставете ја маринадата на страна.

Ставете во рерна 45 минути на 200 степени. Месото редовно преливајте го со маринадата за да не изгори и да не се исуши.

Во меѓувреме излупете ги преостанатите портокали. Исечете го горниот и долниот дел од кората, ставете ги на работната површина и со остар нож исечете ја преостанатата кора до и вклучувајќи ја тенката мембрана. Додека ги сечете парчињата портокал помеѓу мембраните, внимавајте да не се истури сокот што истекува од портокалите, па направете го тоа преку сад или длабока чинија.

Во поголем сад со вода, скршете ја калинката на половина и извадете ги бобинките. Откако ќе ги исчистите, процедете ги низ сито.

Извадете ги парчињата пилешко од садот за печење, послужете ги на плех и вратете ги во исклучената рерна. Истурете ја течноста од садот за печење во друг сад, оставете да зоврие и зачинете со сол и бибер. Додадете ги филетите од портокал, сокот од портокал што го собравте и бобинките од калинката и оставете да зоврие. Со добиениот сос прелијте го печеното пилешко и послужете веднаш.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе