УЕФА ЕУРО 2020

Редарите на „Вембли“ ги наполнија џебовите и ја посрамотија нацијата

Навивачите кои ги дебело платија за влезниците за финалето на Европското првенство ги обвинија редарите на стадионот „Вембли“ дека со поткуп пуштале на трибините луѓе кои немале билети за натпреварот.

Очевидци за лондонски The Times изјавија дека некои од нив се плашеле да им се спротистават на навивачите кои на тој начин седнале на нивните места на „Вембли“ и дека целата ситуација наликувала на целосен хаос што резултираше со срам за целата нација.

„Бев во целосен шок, никогаш не сум видела такво нешто. Еден редар имаше полни џебови со пари од поткуп, му паѓаа од џебовите. Пушташе луѓе без билет да влезат на стадионот. Ги предупредив другите редари што се случува. Еден од нив му пријде на еден навивач кој влезе со поткуп на стадионот, а овој му се закани со нож“, изјави една навивачка.

На натпреварот присутен беше и телевизискиот презентер Метју Стадлен, кој изјави дека видел луѓе како подмитуваат редари за да влезат на трибините.

„Безбедноста беше на срамно ниво. Не можев да верувам дека нема полиција воопшто, дојдоа дури откако ситуацијата беше целосно надвор од контрола“, рече Стадлен и додаде дека хулиганите кои тепале Италијанци биле добро познати и претходно казнувани.

Лондонската полиција соопшти дека уапсила 86 прекршувачи на редот пред, за време и по финалето, од кои 53 на стадионот, а во немирите биле повредени 19 полицајци.

Британските медиуми пишуваат дека ова е огромна шлаканица за земјата што ќе се кандидира за домаќин на Светското првенство во 2030 година.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе