ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Реднап: На Манчестер Јунајтед му требаше Конте

Поранешниот фудбалер смета дека „Црвените ѓаволи“ требало да го ангажираат Антонио Конте за тренер.

Италијанскиот стратег во октомври се поврзуваше со клупата на Јунатед, но клубот тогаш одлучи да го задржи Оле Гунар Солскјер, па Тотенхем го прибра Конте, иако тренерот летоска прво го одби овој клуб. 

Манчестер потоа му врачи отрказ на Норвежанецот заменувајќи го со Ралф Рангник.

„Зошто не го земаа Антонио Конте кога имаа можност за тоа? Им беше потребен некој како него“, вели Џејми Реднап, долгогодишен играч од средниот ред на Ливерпул кој потоа одигра три сезони и во дресот на Тотенхем. Реднап е сега стручен коментатор во Sky Sports и колумнист во Daily Mail.

Тој имаше што да каже и за Рангник: „Ако е тука само за до крајот на сезоната, бадијала е. Како тргнал, нема да добие можност да продолжи“, алудирајќи на работата во клубот која Германецот треба да ја добие по завршувањето на договорот за водење на тимот, а кој завршува во јуни,.

„Доколку сака долгорочно да остане, ќе мора да донесе многу одлуки. Има многу играчи кои пробува да ги вклопи во тимот. Ќе мора да сработи неверојатна работа за да добие шанса да остане. Од сегашна гледна точка, тој е премногу далеку од такво нешто“, заврши тој.

URL
реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе