Решение за проблемот со ќелавоста откриено каде што најмалку би очекувале

Меѓународен тим од здравствени експерти предводени од научници од Универзитетот во Калифорнија, Ирвин го откри механизмот со кој остарените пигментни клетки во кожата го стимулираат растот на косата.

Студијата, објавена неодамна во списанието Nature, покажа дека молекулите на остеопонтин и рецепторот CD44 играат клучна улога во активирањето на растот на косата кај влакнестите бенки, и покрај присуство на голем број остарени пигментни клетки. Ова откритие е во спротивност со вообичаеното верување дека остарените клетки пречат во регенерацијата.

Патоказ до нови терапии за ќелавост

Резултатите од студијата би можеле да станат патоказ за развој на нова генерација терапии за андрогена алопеција, најчестиот облик на прогресивно опаѓање на косата кое е наследно и е предизвикано од машки полови хормони, андрогени, кои се присутни и кај жените. Андрогената алопеција најчесто се наследува преку женската линија, односно од мајката која може да биде нејзин носител дури и ако самата нема проблем со опаѓање на косата.

Оваа состојба вклучува постепено истенчување на фоликулите на косата, што доведува до формирање на потенки и пократки прамени коса. Кај мажите често се манифестира како повлекување на косата и ќелавост на горниот дел од главата, додека кај жените обично се манифестира како општо проретчување на косата, особено на врвот на главата.

Тајната на влакнестите бенки

Во една нова студија, научниците го идентификуваа процесот со кој остарените меланоцитни клетки кои произведуваат пигмент во кожата стимулираат значителен раст на влакната кај бенките на кожата.

Бенките се малформации на кожата кои се манифестираат како неоплазми на кожата, мукозната мембрана, конјунктивата и очната мембрана. Тие се состојат од кластери на меланоцити или невус клетки.

Тие содржат многу голем број на остарени пигментни клетки, но истражувањата покажаа дека и покрај тоа, во нив се одвива многу силен раст на косата.

„Откривме дека остарените пигментни клетки произведуваат големи количини на специфична сигнална молекула наречена остеопонтин, која предизвикува заспаните и ситни фоликули да ги активираат нивните матични клетки и да иницираат енергичен раст на долги, густи влакна“, рече водечкиот автор на студијата Максим Пликус, професор по развојна и клеточна биологија на Универзитетот во Калифорнија.

„Остарените клетки обично се сметаат за штетни за регенерацијата и се смета дека го промовираат процесот на стареење додека се акумулираат во ткивата низ телото, но нашето истражување јасно покажува дека клеточното стареење има позитивна страна“.

Што е сенсценција?

Сенсценција или биолошко стареење е постепено влошување на функционалните карактеристики кај живите организми. Зборот може да се однесува на клеточно стареење или стареење на целиот организам.

Растот на фоликулите на косата се регулира со активирање на матичните клетки. Овие клетки се делат и им дозволуваат на фоликулите циклично да произведуваат нова коса. По секое растење на косата, следува период на одмор во кој фоликуларните матични клетки остануваат неактивни до следниот циклус.

Хиперактивација на клетките кои создаваат влакна

Новата студија вклучува експерименти на модели на глувци со пигментирани дамки на кожа кои имале хиперактивирани матични клетки за производство на влакна. Тие покажаа забрзан раст на косата, многу слично на клиничките набљудувања документирани кај бенките на човечка влакнеста кожа.

Подетална анализа откри дека старечките клетки произведуваат високи нивоа на сигнална молекула наречена остеопонтин, за која матичните клетки на косата имаат соодветен молекуларен рецептор наречен CD44. Молекуларната интеракција помеѓу остеопонтинот и CD44 ги активираше матичните клетки на косата што на крајот резултираше со силен раст на влакната.

Тестирање на принципот во модели на глувци

За да ја потврдат важноста на улогата на остеопонтин и CD44 во овој процес, научниците извршија тестови на други модели на глувци на кои им недостасуваа сите клучни гени за остеопонтин и CD44. Резултатите покажале дека нивниот раст на косата бил значително побавен.

Ефектот на остеопонтинот врз растот на косата е потврден и во примероците од клеточни бенки од човечка кожа.

„Нашите наоди обезбедуваат квалитативно нови сознанија за односот помеѓу остарените клетки и ткивните матични клетки и ги откриваат позитивните ефекти на остарените клетки врз матичните клетки на фоликулите на косата“, рече коавторот на студијата Сјаоѓие Ванг од Универзитетот во Калифорнија, специјалист за развојна и клеточна биологија.

„Како што дознаваме повеќе, оваа информација потенцијално може да се користи за развој на нови терапии кои ги таргетираат својствата на старечките клетки и третираат широк спектар на регенеративни нарушувања, вклучително и вообичаено губење на косата“, додаде таа.

Пликус истакна дека покрај остеопонтинот и CD44, тимот истражува и други молекули присутни во влакнести бенки на кожата и нивната способност да го стимулираат растот на косата.

„Веројатно е дека нашето понатамошно истражување ќе идентификува дополнителни моќни активатори за влакна“, рече тој.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе