Рестомодот Porsche 911 од серијата 964 чини 1,14 милиони евра

Еден од последните рестомодни проекти базирани на Porsche 911 од серијата 964 е потпишан од инженерот Ален Бишофбергер од американската компанија Fogline Industries.

На постојано растечката листа на компании кои ги обновуваат и модифицираат бесмртните „елфери“ на Porsche од времето кога се напојуваа со боксер мотори со воздушно ладење (вклучувајќи ја и серијата 993), се најде и американската компанија Fogline Industries, која претстави рестомод проект базиран на Porsche 911 од серијата 964.

Поскап од слични креации од компаниите Singer, Theon Design, Paul Stephens, Gunter Werks... рестомодот 911 потпишан од Ален Бишофбергер во име на Fogline се придвижува од 4-литарски 6-цилиндричен атмосферски мотор со воздушно ладење (430 КС при 7.800 вртежи во минута), а новоразвиениот издувен систем од титаниум го помага извонредниот звучен пејзаж. Моќта се пренесува на задната оска преку рачен менувач со 6 брзини.

Масата од само 1.220 килограми се должи на обилната употреба на јаглерод, од кој се направени речиси сите делови од каросеријата, а купето е поставено на ултралесни бандажи од 18 инчи (Augment Wheels) со гуми широки 265 мм напред и 305 мм одзади. Зад сопирачките што ги нуди реномираната италијанска компанија Brembo се крие мулти-прилагодлива суспензија.

На специјалисти од компанијата DJ Interiors Custom им беше доверена задачата да го украсат ентериерот обложен со кожа, во кој доминира сината боја надополнета со детали во златна боја. Тука се и седиштата Recaro, воланот Sparco со три краци и редизајнирани аналогни инструменти, а во духот на модерното време има и помал дисплеј на мултимедијалниот систем кој е компатибилен со апликациите Android Auto и Apple CarPlay.

На купувачите на вакви автомобили веројатно нема да им пречи информацијата дека Fogline Industries бара 1,14 милиони евра во замена за својата рестомод приказна.

Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Концепти

Renault 4 се враќа во 4х4 издание

Read more

Електричниот Volkswagen Golf GTI ќе биде „чудовиште“

Read more

Новиот SUV на Genesis потсетува на концептот Steppenwolf на Audi од пред 25 години

Read more

Ретро футуризам: Претставен прототипот Chevrolet Corvette

Read more
 

Автомобили

Одлични вести за сопствениците на е-возила: Повеќе од милион јавни станици за полнење во Европа

Читај повеќе

Зошто треба да се фрла сол на патиштата и во лето?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот живот на легендарнaта „Буба“

Читај повеќе

Nissan ја претстави електричната Micra

Читај повеќе

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Читај повеќе
  • filter

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Читај повеќе

Renault 4 се враќа во 4х4 издание

Читај повеќе
  • filter

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Читај повеќе
  • filter

Како настана првиот пикап на Балканот?

Читај повеќе