Холивудскиот актер Ричард Гир го доби второто дете неколку месеци пред 70-тиот роденден. Веста дека Гир доби син со сопругата Алехандра Силва, која е 36 години помлада од него, прв ја објави шпанскиот магазин „Hola!“.
Името на бебето што се роди во Њујорк уште не е познато.
Гир го има осумнаесетгодишниот син Хомер Џејмс со поранешната сопруга Кери Лоуел, а Александра е мајка на шестгодишната Алберта што ја доби со поранешниот сопруг Говинд Фридланд.
Алехандра потврди дека е бремена во септември минатата година. Веста следеше само шест месеци откако се омажи за Гир на свадбена свеченост во Шпанија.
„Јас сум најсреќниот маж во вселената и како да не бидам. Се оженив со убава, чувствителна, духовита жена која е посветена на помагање на другите и е многу добра мајка“, рече Гир во ексклузивното интервју за „Hola!“ по венчавката.
Ричард и Алехандра се запознаа во 2014 година. Таа е ќерка на поранешниот потпретседател на Реал Мадрид. Има изјавено дека Ричард е херојот во нејзиниот живот.
Гир во интервју за британски медиум даде ретка изјава за својот приватен живот и рече дека не е загрижен што одново ќе биде родител на 70 години.