„Robin Hood“ трејлер: Робин од војник станува отпадник
Објавен е финалниот трејлер за најновиот филм за Робин Худ, во режија на Ото Батхрст. Премиерата е закажана за 21 ноември. Во главните улоги се појавуваат Тарон Егертон, Џејми Фокс, Бен Менделсон, Ив Хјусон, Џејми Дорнан и други.
Во трејлерот е прикажано како Робин од Локси од награден војник станува благороден отпадник од законот кој се бори портив корупцијата. Тој краде од богатите за да им даде на сиромашните, смислува план како тоа што е украдено од народот да го врати таму каде што е потребно.