Рогозин: Нема доказ дека САД слетале на Месечината

Поранешниот шеф на руската вселенската програма, Дмитриј Рогозин, вели дека додека многумина во Роскосмос стојат зад верзијата на настаните што ја кажува Вашингтон, никој всушност не може да прикаже непобитен доказ дека тоа навистина се случило.

Рогозин истакна дека се сомнева дека американската Apollo 11 мисија навистина слетала на Месечината во 1969 година, велејќи дека никогаш не видел уверелив доказ за тоа.

Во објава на својот канал на Telegram во неделата, Рогозин вели дека пред 10 години почнал сопствена потрага по вистината кога сѐ уште работел во руската влада и дека еден детаљ направил да стане скептик за тоа дека Американците навистина стапнале на Месечината. Имено, Рогозин забележал дека советските космонаути кога се враќале од нивните вселенски летови биле премногу уморни, додека екипажот на Apollo 11 делува тотално спротивно, воопшто не зафатен од умор.

Рогозин откри дека, кога во времето пред да дојде во Роскосмос, до оваа институција упатил барање за докази на настанот, сѐ што добил било книга со мемоарите на советскиот космонаут Алексеј Леонов за тоа како зборувал со американските астронаути и како тие му раскажувале дека биле на Месечината.

Поранешниот шеф на руската вселенската програма напиша дека продолжил со своите истражувања и кога застанал на чело на Роскосмо во 2018 година. Меѓутоа, како што вели, никаков доказ не му бил прикажан. Наместо тоа, тврди дека неколкумина неименувани академици гневно го напаѓале затоа што ја поткопувал „тајната соработка со НАСА“.

„Еднаш добив и лут телефонски повик од високо рангирано официјално лице“, вели Рогозин, кое го обвинило дека ги комплицира меѓународните односи.

 

Рогозин заклучува дека сѐ уште не може да верува како САД можеле да го направат тој голем потфат во 1969 година, а денес не можат, и покрај огромниот напредок на технологијата од доцните 60-ти.

Она што тврди дека успеал да го открие, е дека Вашингтон има „свои луѓе во (рускиот) естаблишмент“.

Apollo 11 беше првата мисија со човечки екипаж на Месечината, со Нил Армстронг и Баз Олдрин кои влегоа во историјата како првите луѓе што оделе по месечевата површина. Нив ги придружуваше и Мајкл Колинс, кој остана во леталото.

Мисијата дојде откако советската програма Луна 2 без екипаж го отворин патот кон истражувањето на Месечината.

Во април, претседателот Владимир Путин вети дека ќе ја рестартира руската месечева програма.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе