СЕРИЈА А 2020/21

Рома: Решен проблемот со Џеко, но нема повеќе да биде капитен

Генералниот директор на „Римската волчица“ ја разјасни ситуацијата со босанскиот голгетер, а ја потврди и довербата во португалскиот стратег.

Фонсека и Џеко

„Во светот на фудбалот клубовите живеат динамично како фамилии, а во фамилиите постојат и проблеми, но кога тие ќе се решат сите излегуваат уште посилни“, вели генералниот директор на клубот, Португалецот Тиагу Пинту.

Црна дамка на одличната сезона на Рома остави кавгата помеѓу тренерот Паулу Фонсека и капитенот Един Џеко. Многу шпекулации околу заминување на Босанецот имаше зимава, но ништо од тоа не се оствари.

„Един е голем професионалец и одличен играч, една личност со цврст карактер која има испишано важни страници во Рома. Клубот мора да го почитува својот дисциплински правилник, па затоа во моментов Џеко нема повеќе да ја носи капитенската лента, а за во иднина ќе видиме. Што се однесува до неговата иднина, ќе поработиме на тоа, да биде во интерес на Рома, а Един секако е прв кога станува збор за тоа“, додава тој.

Тоа значи дека сега и официјално Лоренцо Пелегрини е новиот капитен на „Волчицата“. Џеко ја игра шестата сезона во жолто-црвениот дрес по доаѓањето летото 2015 од Манчестер Сити.

Генералниот директор потврди и дека неговиот сонародник, стратегот Паулу Фонсека, е сигурен на клупата на Рома.

„Фонсека е лидер на нашиот проект, тој е личноста на која му ја доверивме нашата иднина. Така да сите вести околу мои состаноци со други тренери се невистини. Јас и целата управа сме многу задоволни од неговата работа, со него сме посветени на сегашноста и на иднината на Рома“.

По 20 кола Рома е трета во Серија А со 40 бодови, 6 помалку од лидерот Милан. В сабота римјаните ги чека тешко гостување во Торино кај Јувентус.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе