СЕРИЈА А 2020/21

Рома славеше против Џеноа, Јувентус во последна минута прими гол за изедначување

Фудбалерите на Рома победија на гостувањето кај Џеноа, додека Аталанта и Интер ремизираа во 7. коло од италијанската Серија А.

Рома отиде во посета на Џеноа без капитенот Един Џеко, кој е заразен со коронавирус, но и покрај тоа, „Волчицата“ стигна до сигурна победа со резултат 3:1.

Во 45+2. минута Хенрих Мхитарјан погоди за водство на Рома, а Марко Пјаца израмни на 1:1 во 50-та минута.

Победата за Рома ја донесе Мхитарјан, кој ги постигна преостанатите два гола во 66-та и 85-та минута од натпреварот.

Аталанта и Интер ремизираа 1:1. Интер поведе во 58-та минута кога погоди Лаутаро Мартинес, а конечните 1:1 ги постави Алексеј Миранчук во 79-та минута од средбата.

Претходно денеска, Лацио и Јувентус ги поделија бодовите во 7. коло од италијанската Серија А.

Натпреварот, кој предизвика многу полемики во изминатите неколку дена, со оглед на тоа што имаше вистинска конфузија со бројот на играчи на Лацио кои беа заразени со коронавирусот, не разочара.

Јувентус поведе во 15-та минута кога по убавата акција по десната страна, Хуан Квадрадо ја исфрли топката во шеснаесетникот, а Кристијано Роналдо ја испрати топката во празната мрежа за водство на „Старата дама“ од 1:0.

Роналдо можеше да стигне до вториот погодок во 43-та минута, го лобуваше голманот Пепе Реина, но ја погоди само гредата.

По 76 минути, Португалецот се повреди, а во игра влезе Пауло Дибала.

Лацио имаше неколку шанси на натпреварот да изедначи, и во 90+5. минута конечно стигнаа до 1:1.

Хоакин Кореа помина на левата страна покрај тројца играчи на Јувентус и му асистираше на Фелипе Каиседо кој погоди од свртување за конечни 1:1.

Remote video URL
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе