Роналдо остар кон медиумите: Можеби еден ден ќе објавите некоја точна вест

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо одговори на сè почестите прозивки од страна на противничките навивачи.

Речиси и да нема ден да не се пишува за неговото заминување од Манчестер Јунајтед, по само една година престој во клубот каде што се прослави на почетокот на кариерата.

Само еден ден откако навивачите на Атлетико Мадрид, со истакнување на транспарент на пријателскиот натпревар со Нумансија, му порачаа дека не е добредојден, реагираше Роналдо.

URL

Под фотографијата на која се гледа транспарент со порака „CR7 не е добредојден“, Роналдо објави серија емотикони.

Сепак, тоа не е сè. Роналдо очигледно не е задоволен од тоа како медиумите известуваат за него ова лето.

На почетокот на месецот беше објавено дека тој на раководството на клубот му кажал дека има намера да го напушти клубот бидејќи сака да продолжи да се натпреварува во Лигата на шампионите.

Сепак, неговиот агент Жорже Мендеш досега не успеа да му најде клуб, а Јунајтед остана на ставот дека тој не е на продажба.

На крајот на краиштата, Португалецот се огласи на Instagram со прилично остра порака до медиумите.

„Невозможно е да не се зборува за мене барем еден ден. Во спротивно медиумите не би заработувале. Знаете дека ако не лажете, не можете да го привлечете вниманието на луѓето. Само продолжете, можеби еден ден ќе објавите некоја точна вест“, изјави Роналдо.

Последните вести велат дека Мендеш го нуди на Спортинг од Лисабон, каде Роналдо ја започна кариерата, како и во Наполи.

URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе